20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Земјоделството е во катастрофална состојба, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Земјоделците го почувствуваа ,,Животот’’ кој го донесе СДСМ. Земјоделците почувствуваа што значи, нивниот труд да не биде вреднуван од Владата, откупните цени да бидат ниски и да немаат пласман за своите производи. Откупната цена за јагнето за време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 180 денари. Заев нема право да говори за овчарството, неговите празни ветувања се со цел да се покрие катастрофалната откупна цена на јагнето која како што и самите нагласија изнесува од 100 до 140 денари по килограм, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Зоран Заев и Љупчо Николовски.

Според опозициската партија, Заев на мала врата се обиде и да го прошверцува терминот ,,активен земјоделец’’ со цел да ги укине субвенциите за сите оние земјоделци на кои земјоделството им е дополнителен дејност, а во исто време планира да го зголеми персоналниот данок на дополнителен приход со што целосно ќе се обесхрабрат оние кои можеби сакаат да започнат да се занимаваат со земјоделство. СДСМ ќе им зададе уште еден удар на земјоделците кој ќе ги намали и онака ниските приходи на земјоделците, СДСМ планира да го зголеми данокот на високи 18 проценти.

„Земјоделството во државата е во катастрофална состојба, а сето тоа е благодарение на неспособноста на министерот Николовски и премиерот Заев. Земјоделската политика на СДСМ и Заев повторно се сведува единствено на зборот ,,ќе’’ додека земјоделците се борат за својата егзистенција. Ова временска непогода за земјоделството наречена Влада на СДСМ мора да си замине, за да се спаси она малку што остана од македонското земјоделство“, се вели во реакцијата.