23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пратениците излегоа од притвор, ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи да не учествува на седниците, вели Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува идната недела опозицијата да се вклучи во работата на парламентот. Според него, ВМРО – ДПМНЕ нема повеќе оправдувања да ги бојкотира седниците, бидејќи се отстранети причините за нивното отсуство.

„Аргументот кој го имаше ВМРО-ДПМНЕ беше поврзан со притворените пратеници за настаните од 27 април. Меѓутоа, Врховниот суд минатата недела ги ослободи од затворот во Шуто Оризари и им даде куќен притвор. Тоа значи дека овој аргумент е веќе елиминиран, а опозицијата нема друг за да го оправда неучеството во работата и расправите на седниците“, смета Џафери.

Опозицијата денеска не учествува на седницата за пратенички прашања. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека допрва ќе ја донесат одлуката дали ќе се вратат во собраниските клупи.