14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев-Коѕијас: Грција има голема одговорност за решавање на спорот со името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на средбата со премиерот Зоран Заев, потенцирал дека сегашноста и иднината бараат одговорност за решение на отвореното прашање.

Како што соопшти владината прес-служба, тој истакнал дека Грција, како земја членка во НАТО и ЕУ со најстара демократска традиција во регионот, има голема одговорност за решавање на ова прашање и дека мора да се најде компромис прифатлив за двете страни.

Од Владата информираат дека Заев истакнал дека и оваа средба го зазема своето место како значајна во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на нашата земја и дека се совпаѓа со еден исклучително позитивен момент кога се очекуваат трајни решенија за билатералните прашања во регионот во перспектива на очекувањата на Европската Унија.

„Фокусот на нашите разговори мора да биде иднината меѓу двете земји. Треба да сме одлучни и да правиме чекори кои нè водат поблиску до решението на единственото отворено прашање меѓу нашите две земји. Уверен сум дека овој пристап ќе доведе до решение кое ќе им даде доволно прифатливи аргументи на институциите во двете земји, како и на опозицијата, да прифатат дека тоа ќе биде достоинствено и за Република Македонија и за Република Грција“, рекол Заев на средбата со министерот за надворешни работи на Грција.

Тој нагласил дека и двете земји за време на процесот практикуваат и негуваат една заедничка, европска вредност, а тоа е взаемното градење на подобри билатерални односи и релации на доверба.

„Останува и понатаму да ги усовршуваме билатералните односи, да ги негуваме и да ги направиме уште подобри откако прашање за името ќе биде решено, бидејќи граѓаните во нашите земји, нашите пријатели во ЕУ и меѓународната заедница, очекуваат решение на ова прашање “, рекол премиерот Заев.

Спонзорирано: