21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фотографијата е од архивата на Centar.mk и се користи за илустрација
СВЕТ

Убиен напаѓачот кој држеше заложници во супермаркет во Франција

Француската полиција го убила напаѓачот кој држеше заложници во супермаркет во јужниот дел на Франција, тврдејќи дека припаѓа на Исламска држава. Според информациите од француските медиуми, напаѓачот убил најмалку две лица, а ранил најмалку три.

Градоначалникот на градот Треб, претходно рече дека сите заложници се ослободени и дека напаѓачот се наоѓа во супермаркетот со еден полицаец.

Премиерот Едуард Филип рече дека инцидентот во Треб е терористички акт, додавајќи дека антитерористички иследници ја презеле истрагата за нападот. Филип исто така го потврди и инцидентот во градот Каркасон, каде четворица полицајци биле нападнати со огнено оружје.

„Еден од нив е повреден, но не е во животна опасност“ рече Фелипе.

Напаѓачот, според информациите, барал ослободување на Салех Абдеслам, единствениот преживеан терористи, кој е осомничен за нападоте во Париз. Абдеслам моментално се наоѓа во затвор, каде чека судење за неговото учество во терористичките напади во 2015 година во Париз.

Според француските медиуми, напаѓачот е со мароканско потекло и им бил познат на разузнавачките служби, особено на Генералната дирекција за внатрешна безбедност.

Спонзорирано: