3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Нема повисоки плати, пензии, нема субвенции за земјоделците, вработувања за младите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод теренските посети со цел да се слушнат што поголем број идеи и предлози кои ќе бидат вклучени во новата програма на партијата, вчеравечер оствари средба со граѓаните од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново село.

На средбата со граѓаните претседателот Мицкоски рече дека идејата и суштината на овие теренски посети е да се посети секој општински комитет, секој месен комитет, градови, села, домови, улици, за да може директно од граѓаните да слушне што им е неопходно за да бидат среќни и успешни во сопствената држава. За економскиот крах што се случува во моментот во Македонија, Мицкоски рече дека со владата на СДСМ економијата доживува целосен колапс.

„Бев кај Орбан, премиерот на Унгарија, вели имаме рекордна година од 5% на раст на унгарското стопанство. Бев кај Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, и вели дека има рекордна година од речиси 4% раст во Бугарија. Бев во САД, и немаше човек кој  не речe дека ова е рекордна година за американската економија. Само јас веднев глава и не знаев со што да се пофалам, со 0% од цунамито наречено Зоран Заев“, посочи пред граѓаните Мицкоски.

Мицкоски направи споредба за 2016 и 2017 година и истакна дека во 2017 година има 100 милиони евра помалку странски инвестиции, 4% намалено индустриско производство, а градежништвото е намалено за дури 12%.

„30.000 денари плати ги нема, 100.000 денари плата за докторите ги нема, на пензионерите им ветија секоја година покачување на пензиите за 10% и тоа го нема, им ветија на земјоделците поголеми субвенции, а и тие не им ги даваат иако ги заслужуваат“, беше дециден Мицкоски.

Тој рече дека во периодот што претстои нема да биде лесно, но борбата мора да продолжи сè додека не се спречат овој терор и узурпација на државните институции и граѓаните од страна на оваа ненародна влада на СДСМ и Заев.

„Некои ќе бидат отпуштани од работа, некои ќе бидат понижувани, но не смееме да потклекнеме. Мораме да издржиме, Македонија е во прашање, не смееме да дозволиме ова да продолжи да ни се случува. Државата е коднапирана од Зоран Заев и кликата околу него“, изјави претседателот Мицкоски.

Мицкоски ги повика сите граѓани кои сакаат да се приклучат на овој пат дека се добредојден да застанат рамо до рамо со него како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за да ја спасат Македонија од бескрупулозниот човек Зоран Заев.

Спонзорирано: