14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Си Џинпинг: Сите обиди за поделба на Кина се осудени на пропаст

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, во својот силен националистички завршен говор пред парламентот ја опиша Кина како растечка глобална сила, објави Би-би-си.

Тој рече дека постигнувањето целосно единство е колективна надеж на целиот кинески народ и предупреди дека сите обиди за поделба на државата биле осудени на пропаст.

Говорот, како што пренесуваат светските агенции, е силно предупредување против секој обид за сепаратизам од места како Тајван и Хонг Конг. Си, исто така, предупреди дека Кина не може да биде задоволна од својот развој.

Во меѓувреме, премиерот Ли Кечианг ја искористи својата годишна прес-конференција за да каже дека Кина е посветена на глобална соработка во трговијата.

Тој рече дека Кина уште повеќе ќе ја отвори својата економија и ќе обезбеди домашните и странските фирми да можат да се натпреваруваат во фер услови на големиот пазар во Кина. Кинеските официјални претставници имаа слични ветувања во минатото.

Спонзорирано: