16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Познатата министерка си поднесе оставка поради фејсбук статус

Норвешката министерка за правда, Силви Листауг, поднесe оставка поради своја објава на „Фејсбук“ дека опозициската Лабуристичка партија е повеќе заинтересирана за заштита на правата на терористите отколку за норвешкиот народ, пренесуваат норвешките медиуми.

Тоа е многу чувствителна тема за лабуристите бидејќи тие сè уште не се соземале од нападот на ултрадесничарот Андерс Брејвик во 2011 година, кој пукаше во подмладокот на Лабуристичката партија во летен камп на островот Утоја, убивајќи 69 луѓе.

Листуаг, откако предизвикала лутина со објавата на „Фејсбук“, ја избришала спорната изјава и се извинила.

Опозициските партии истакнале дека министерката не била искрена и дека треба да поднесе оставка.