Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Го запрела полиција и извадил возачка со фотографија од Хомер Симпсон

Британец, кој бил запрен од сообраќаен полицаец поради прекршок при возење, ја влошил ситуацијата кога на полицаецот му покажал возачка дозвола со фотографија од Хомер Симпсон покрај своите податоци и потпис.

На фотографијата Хомер се држи за главата исто како кога го изговара своето познато „Доох“, а адресата е во американскиот град Спрингфилд.

Полицијата на „Твитер“ ја објави лажната фотографија, а подоцна се дознало дека и адресата била лажна, односно дека познатото семејство Симпсон во познатата цртана серија не живее на дадената адреса.

Возилото е запленето, а возачот приведен поради возење без осигурување и прописна дозвола.