17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џонсон: Руските негирања за труењето на Скрипал се повеќе од апсурдни

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека негирањето на Русија за учество во труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија се повеќе од апсурдни.

Џонсон, кој ги информира своите колеги од 27-те земји членки на Европската Унија за последните случувања во врска со случајот, денеска во Брисел ја доби поддршката од Унијата, но дипломатите сепак изјавија дека моментот за наметнување нови санкции против Русија не е дојден.

„Негирањата на Русија се повеќе од апсурдни“, изјави Џонсон при пристигнувањето на средбата со министрите за надворешни работи на Унијата.

„Ова е класична руска стратегија. Веќе не можат да измамат никој“, увери британскиот дипломат и додаде дека речиси и нема земја во ЕУ која не била погодена од штетното и деструктивно однесување на Русија во последните години.