14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР најави сирени за тревога и пренасочување на сообраќајот, во близината на амбасадата на САД

Утре 18 март, припадниците на МВР ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со амбасадата на САД во Скопје, вежбовните активности ќе се одржат во кругот на амбасадата.
МВР ги извести сите граѓаните дека може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми, како дел од сценариото.
Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото.
Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба.