11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во солзи: Семејство на Македонец ликвидирано во Канада

Голема трагедија во која загина цело семејство на македонец во Канада.

Според канадските медиуми триесет и девет годишната Красимира Пејчиновски и нејзините две деца, 15 годишниот син и 13 годишната ќерка се убиени пред три дена од партнерот на жената, 29- годишниот Кори Фен, во Торонто, Канада.

Според информациите на медиумите полицијата како единствен сторител за трикратното убиство на мајката и двете деца го сомничи Кори.

Тој е уапсен ден по убиствата.

Кори Фен не бил татко на 15 годишниот Рој и неговата 13 годишна сестра Веналија, вели полицијата во Онтарио. Се истражува како Фен ги извршил убиствата.

Светските медиуми пренесуваат дека таткото на двете деца бил Македонец со кого Красимира била разделена подолго време.

-Телата на жртвите се однесени на обдукција и потоа ќе имаме информации за начинот на кој се убиени, велат од полицијата.

Блиски пријателки на Красимира, која по потекло е од Бугарија, изјавиле дека таа сакала да стави крај на врската со 10 години помладото момче, бидејќи ја малтретирал. Кога дознал дека Красимира сака крај на врската почнал да и се заканува бидејќи не сакал да се разделат.

Мајката десет години работела во спа центар. Нејзиниот син Рој бил талентиран хокеј играч и вистинска ѕвезда меѓу неговите врсници. Овој случај се води како домашно насилство, информираат канадските медиуми