3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Законот за јазиците оваа недела мора да се донесе, порача Заев

Неделава се очекува да биде донесен законот за употреба на јазиците, а по девет месеци расправата треба да биде завршена, најави премиерот Зоран Заев.
„Прашањето треба да биде што побргу затворено. Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа сè што имаа да кажат. Тоа е оневозможено уставно право на граѓаните од другите етнички заедници. Нека се донесе законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други“, изјави Заев на прес-конференцијата со претседавачот на советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, кој е во посета на земјава.
Според Заев, пратениците од парламентарното мнозинство дале уште една недела шанса за дијалог и разговор за решение прифатливо за опозицијата. „Но, оваа недела законот треба конечно да се донесе. Чекорите ќе се движат во согласност со демократските процедури и ваквите прашања што ќе ја крепат мултиетничноста на државата, конечно, ќе бидат затворени“, порача премиерот.
Спонзорирано: