13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Општина Гостивар се збратимува со турската општина Килис

Делегација од Општина Килис, Турција, престојуваше вчера во Гостивар, при што се сретнаа со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. При посетата градоначалникот Таравари и овластениот од страна на градоначалникот Хасан Кара, директорот за културата во Општина Тилис, Махмут Селџук, потпишаа договор со наслов Повелба за добри намери, што подразбира меѓусебна помош меѓу двете општини и одржување во живот на меѓусебната соработка во иднина.
Потпишувањето на овој договор отвора пат за збратимување на двете пријателски општини, што ќе се формализира на една од наредните седници на Советот на Општина Гостивар. Општина Гостивар и Општина Килис ќе соработуваат во економска, образовна, културна, спортска и во други области од општествениот живот.
Општина Килис се наоѓа во централнојужниот дел на Турција и има речиси 100 илјади жители.
Спонзорирано: