9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претставен нацрт-договорот за името

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, минатата ноќ, на неформален состанок во владата во Атина, ги презентирал главните аспекти на нацрт-договорот за името, што ќе биде доставен во Скопје, објави БГНЕС.

Министерот ги соопштил и новите елементи кои биле додадени во нацрт-договорот, објави грчкото Министерство за надворешни работи.

Според извори од одделот за надворешна политика, тој може да отпатува за Скопје следната недела за да го претстави нацрт-договорот. Истовремено, Атина сака да го спречи протокот на содржината на документот во јавноста и да ги избегне дипломатските консултации кои излегуваат на насловните страници на медиумите. За таа цел, Коѕијас лично ќе го претстави грчкиот нацрт-договор до македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров. Главната пречка останува барањето за промена на македонскиот устав како гаранција за договорот.

Спонзорирано: