17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Има повредени: Познати деталите за страшната сообраќајка која што се случи попладнево

Во тешката сообраќајка која што се случи утринава на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се повредени две лица, информираат од МВР.

Првичните информации велат дека во незгодата учествувале две возила „Сеат толедо“ со скопски регистарски таблици, управувано од 51-годишниот Ќ.Т. од село Блаце и „Форд мондео“ со кумановски регистарски таблички управуван од 44- годишниот Б.А. од Куманово.

Во тешката сообраќајка, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Увидот на полицијата е во тек.

Од 13:20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај населба Карпош, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Повеќе детали наскоро.

Спонзорирано: