14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Крвав 8 Март во Македонија: Двајца сопружници пронајдени мртви

Во прилепската населба Димо Наредникот денеска биле пронајдени двајца мртви сопружници.

Според првичните информации од прилепското јавно обвинителство, станува збор за постара брачна двојка, а случајот бил пријавен од минувач кој го забележал безживотното телото на сопругот М.Н. (81) под балкон од зграда.

Според сознанијата, станува збор за убиство и самоубиство бидејќи во станот на брачната двојка е пронајдено и телото на сопругата И.Н. (78) со прострелна рана во главата од пиштол, а телото на сопругот било пронајдено под балконот.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Спонзорирано: