11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ со остри критики во извештајот за Хрватска

Во рамките на редовниот извештај во кој се анализира состојбата на секоја од земјите членки, ЕУ остро ја искритикува Хрватска.

Европската комисија наведе дека Хрватска отстварила ограничен напредок во ланските препораки и дека воопшто не напредува во структурните реформи.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, оцени дека извештајот на Европската комисија потврдил дека земјата заостанува и не се развива со предвидената динамика.

„Заостануваме и не се развиваме со онаа динамика што би ни овозможила да фатиме чекор не само со неразвиените земји во ЕУ туку и со оние со кои до вчера бевме изедначени, ако не и поразвиени“, наведе Грабар-Китаровиќ.

Додава дека во извештајот се нагласени проблемите што и таа ги нагласувала веќе некое време, како што се недостигот од структурни реформи, слабоста и нискиот развоен потенцијал во структурите на хравтската економија, потребата од реформи во образованието, судстството, здравството, како и капацитетите на јавната администрација

Спонзорирано: