13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МЗШВ: Финални подготовки за тендерот за наводнување на јужната долина на Вардар

Подготовките за објавување на тендерската документација за изведба на градежните работи на системот за наводнување во Јужната вардарска долина во делот на Валандово беа тема на разговор на средбата што ја остварија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и директорот на германската кредитна банка KfW за Косово и Македонија, Рене Ешеман.

Николовски и Ешеман ги разгледаа сите подобрувања и можни пречки во реализацијата на проектот со цел ефикасно спроведување на постапката, а потоа и изведба на работите.

„Тендерската документација е изработена во согласност со новите правила на KfW и ги содржи сите карактеристики на меѓународен тендер. Сите забележани недостатоци од предходниот поништен тендер се коригирани, исто така коригирани се и техничките спецификации со цел да се овозможи транспарентност во понудите и можност за поголема конкурентност. Таа е пратена пред две недели на одобрување. Од страна на МЗШВ е одговорено на дополнителните прашања поврзани со приклучување на пумпната станица „Страиште“ во тендерската документација. Исто така, одговорено е и на барањето за пренос на инфраструктурата на земјоделските задруги дека таа ќе биде во согласност со процедурите запазени за земјоделски задруги од првaта фаза, чиј трансфер беше направен во јануари. Со цел зајакнување на капацитетите на АД „Водостопанство“ за управување со системот (АД ќе управува со главната пумпна станица „Удово“, главниот цевковод, препумпните станици и пумпната станица „Страиште“), во тек е оглас за вработување оператори што ќе бидат вклучени во процесот на градење и тренирани за оперирање на системот“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Лани германската банка KfW на МЗШВ му одобри дополнителни 4 милиони евра грант за реализација на втората фаза од проектот за наводнување на Јужната вардарска долина. Основната цел на програмата е да се подобрат условите за живеење на населението во јужната долина на реката Вардар преку одржливо управување со природните ресурси и трајно да се реши проблемот со наводнување на обработливите земјоделски површини во регионите што ги опфаќа програмата.

Спонзорирано: