20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дигиталните часовници во Европа доцнат 6 минути поради Србија и Косово

Голем број часовници низ Европа доцнат поради тоа што фреквенцијата во електричната мрежа веќе некое време е во пад од нормалните 50 херци, објави „Дојче веле“. Причина за тоа, како што наведува германскиот медиум, е спорот меѓу Србија и Косово.

„Оние кои хронично доцнат не можеа да добијат подобра вест како изговор, во цела Европа радиочасовниците, како и часовниците на микробранови печки и шпорети, доцнат – доколку се приклучени на електромрежата“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Тие тврдат дека доцнењето изнесува пет до шест минути, а најверојатно и ќе се зголеми.

„Причина за тоа е што од средината на јануари на европскиот пазар на струја постои дупка во снабдувањето, како што и вчера беше соопштено во Брисел од европското Здружение на електромрежи ‘Ентсое’. Поради постојаниот политички конфликт меѓу Србија и Косово, од таму тече помалку струја во континенталната мрежа на која се приклучени 25 земји од Турција до Холандија“, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Спонзорирано: