24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Сноубордер со камера се нашол среде лавина и направил снимка што ја покажува разорната моќ

Лавините го одбележаа почетокот на март на француските Алпи, а во вкупно четири од нив, во текот на неколку дена загинаа шест лица. Силата на една од лавините ја почувствувал и сноубордерот Томас Креј, кој благодарение на камерата поставена на шлемот, регистрирал ситуација опасна по живот.

Креј не можел ниту да претпостави што го чека на скијалиштето Тигне на југоистокот од земјата. Во еден момент лавината толку многу го затрупала што почнал да стравува за својот живот.

„Под снегот се чувствував како под вода. Му благодарам на Бога што можев да досегнам до моето воздушно перниче со десната рака“, објаснил Креј, кој за да се спаси, со својата лева рака се обидел да го отвори воздушното перниче за вонредни ситуации, но не успеал. За среќа, со десната рака бил попрецизен и успеал да го погоди отворачот.

„Воздушното перниче ме држеше на површината и можев да се спуштам сè додека лавината не сопре“, ја продолжува својата приказна Креј, чија снимка беше објавена на „Фејсбук“. Тој одлучил да го сподели видеото за да ги предупреди пријателите за важноста на заштитната опрема.

Спонзорирано: