11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ вечерва распали по ВМРО ДПМНЕ – еве што им порачаа

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што преку криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа додека мнозинството граѓани тонеа во долгови и сиромаштија, нема ниту минимален кредибилитет да зборува и да глуми загриженост за социјалната заштита, реагира СДСМ на обвинувањата на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од таквиот однос кон граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи на унапредување на социјалната заштита и системско извлекување на граѓаните од сиромаштијата.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што го предводи веќе подготвува нов закон за социјална заштита, кој треба да биде донесен оваа година.

Во новиот закон предвидени се воведување минимален адекватен приход и значително зголемување на социјалната помош, чиј износ нема да биде ист за сите, туку ќе биде приспособен на индивидуалните потреби на корисниците“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: