11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието ја избра Ременски за претседател на Буџетскиот совет

Фросина Ташевска-Ременски е избрана за претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија во продолжението на 35. седница, на која беа именувани членови и заменик-членови на повеќе собраниски комисии и други тела.

За заменик на Ременски во телото што брои девет члена избрана е Лилјана Кузмановска.

Претходно, Собранието денеска го избра Насер Ајдари за нов судија во Уставниот суд на Република Македонија, а за членови на Советот на јавните обвинители беа избрани Ангел Солев, поранешен судија, и Ангеле Илиевски, адвокат.