20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Еве колку пари му се потребни на Балканец за да биде среќен

Парите не можат да купат љубов, но можат среќа – барем до некаде. Меѓутоа, новото истражување покажува дека постојат ограничувања за тоа колку добробит може да донесе благосостојбата на поединци.

Колку пари ви се потребни за да бидете сеќни, воглавно зависи од тоа каде живеете.

„Можеби делува изненадувачки, бидејќи на телевизија разни огласувачи не уверуваат дека нема ограничувања за тоа колку пари ни се потребни за среќа, но сега гледаме дека тоа сепак постои“, рекол Ендру Џеб, лидер на истражувањето.

Џеб и неговите колеги користеле податоци од голема анкета која ја направи „Галуп“, а во која учествувале повеќе од 1,7 милиони луѓе постари од 15 години од 164 држави во светот.

Учесниците одговарале на прашања во врска со задоволствата во своите животи и благосостојбата, како и врската со куповната моќ.

Додека емотивната благосостојба се однесува на дневното чувство на среќа, воздуба, тага или бес, севкупното задовлството во животот во голема мера е под влијание на поставување на виши цели и споредувања со она што го имаат другите.

Во просек, истражувачите откриле дека идеален годишен приход за севкупно задоволство во животот изнесува 95.000 долари, а помеѓу 60 и 75 илјади за емотивна благосостојба.

Меѓутоа, тоа најмногу зависи од тоа каде живеете. Така најмногу пари за среќа им се потребни на жителите на Австралија и Нов Зеланд – 125.000 долари, додека најскромни се Јужноамериканците и жителите на Карибите. Во Северна Америка за среќа потребни се 105.000 долари во просек.

Што се однесува на Европа, голема е разликата помеѓу Западот и Истокот. Во западна Европа и Скандинавија за среќа во просек потребни се 100.000 долари, додека во источна Европа и на Балканот потребни се само 45.000 долари годишно.

Јасно е дека овие износи се разликуваат поради висината на стандардот од држава до држава.

Сепак, тука се работи за износи за поединци, па за семејство секако потребни се повеќе пари.