23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги претвора правосудните институции во поле за меѓукоалициски пазарења

СДСМ и ДУИ уште еднаш денеска потврдија дека Собранието не го третираат како највисок законодавен дом на граѓаните, туку место каде што се вршат пазарења за партизација на институциите од страна на двете структури.

Ваква е реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по именувањето од страна на Собранието на два члена во Советот на јавните обвинители и судија во Уставниот суд на Република Македонија.

„Денеска, СДСМ, во тело што треба да биде независно, професионално и непристрасно, постави членови на правен комитет на СДСМ. Во чие име и за чии интереси ќе дејствуваат и постапуваат Ангел Солев и Ангеле Илиевски? Дали во име и во корист на народот или во име и корист на СДСМ? СДСМ ги претвора правосудните институции во поле за меѓукоалициски пазарења. Врвот на партизацијата на судството јасно се гледа и со најавата за поставување на премиерот Зоран Заев на чело на новото судско тело за судски реформи. Прашањето е дали Заев го наградува Илиевски, кој беше дел од одбраната во случајот „Пуч“, каде што обвинети беа Зоран Верушевски и Заев?“, стои во реакцијата што ја испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ го користи отсуството на опозицијата за да го претвори Собранието во машинерија која, како што велат, ги официјализира партиските штетни политики на овие структури. Според нив, ваквото работење не е во согласност со забелешките и заклучоците од извештајот на Прибе на кој секојдневно се повикуваат.