Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Повикал итна помош и излажал дека едвај ги чувствува нозете бидејќи му бил потребен превоз

Неименуван маж од Манчестер во четвртокот повикал итна помош и излажал дека едвај ги чувствува нозете бидејќи му бил потребен превоз.

Дека не му е ништо, признал по доаѓањето во болница, во која се упатил со цел да го посети пријателот.

„Не повика и ни рече дека му се намалил осетот во нозете, односно дека едвај се движи. Се исплашивме дека можеби претрпел мозочен удар и стигнавме што побрзо“, раскажал медицинскиот техничар Схуан Џерард, кој напоменал дека таквите случаи зачестиле бидејќи за таквиот безобразлук законот не предвидува санкции.

Во таа смисла манчестерската итна служба на Твитер уште еднаш ги замоли граѓаните да не ги доживуваат амбулантните коли како бесплатно такси.

Спонзорирано: