16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија: Еден брат загинал, другиот умрел од тага

Двајца браќа од Сплит умреле вчеравечер кај планинскиот дом на Мосор.

Од полицијата за Индекс рекле дека примиле дојава за страдањето на двајцата планинари вчера околу 19.40 часот како и дека ништо не упатува на кривично дело.

Според неофицијални информации, првиот планинар излегол од домот а потоа се лизнал на мраз, паднал и на место останал мртов. Откако не се вратил, домарот и братот тргнале да го побараат.

Кога го нашле, на братот на починатиот планинар, според информациите, му се слошило и умрел на лице место, веројатно од срцев удар.

Настраданите планинари се браќа од Сплит кои планинареле цел живот. Неофицијално се дознава дека се работи за луѓе на возраст помеѓу 55 и 60 години.

Спонзорирано: