11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Страшна сообраќајка близу Охрид – повеќемина повредени

Пет лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 19.35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Мешеишта и Требеништа.

Според информациите на МВР, дошло до судир помеѓу автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (36) од село Мешеишта и „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (41) од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во „опелот“ С.М.(61) и А.М. (66). Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со телесни повреди се здобил друг сопатник во „опелот“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете возила.

По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Спонзорирано: