23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Намерно свртил во спротивна лента, па ја убил својата бивша девојка и себе си

Намерно свртил во спротивна лента, па ја убил својата бивша девојка и себе си!

После неколку месеци истрага се покажало дека 34-годишникот намерно ја убил бившата девојка (27) во судир во германската сојузна покраина Хесен.

Два автомобила фронтално се судриле во октомври минатата година.

Според изјавите на сведоците младиот човек свртил во спротивен правец и тргнал кон автомобилот во кој била девојката. Свртил во нејзината лента и се забил во нејзиниот автомобил.

Мотивот наводно бил прекин на врската. Момчето и девојката кои биле од Вогелсберг претрпеле тешки повреди од кои починале на лице мсето, пишуваат германските медиуми.