16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најголемата мистерија во авијацијата: Наскоро ќе биде ставена точка на „летот 370“

Малезиски функционер во саботата соопштил дека потрагата на американската компанија по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс на летот 370 веројатно ќе биде завршена во јуни.

Оваа најава доаѓа во момент додека семејствата на патниците одбележуваат четврта годишнина од исчезнувањето на авионот со нова надеж дека најголемата мистерија во историјата на авијацијата ќе биде разрешена.

Малезија во јануари склучила договор по принцип „нема резултати, нема пари“ со компанијата „Ocean Infinity“ од Тексас за продолжување на потрагата по авионот, година дена откако официјалната потрага на Малезија, Австралија и Кина на југот на Индискиот океан е прекината.

Авионот исчезнал на 8-ми март 2014 додека бил на лет од Куала Лумпур за Пекинг со 239 патници и членови на екипажот.

Челникот на малезиската цивилна авијација, Азхарудин Абдул Рахман, денес изјавил дека потрагата се одвива непрекинато и дека се очекува да биде довршена до средината на јуни, пренесоа агенциите.

Спонзорирано: