17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Суспендирани лекари: Со часови оперирале мозок на погрешен пациент

Суспендирани лекари: Со часови оперирале мозок на погрешен пациент

Државната болница Кенјата во Најроби се нашла среде скандал кога управата на таа установа признала дека лекари оперирале мозок на погрешен пациент.

Лекарскиот тим го сфатил тоа по неколку часа од почетокот на зафатот. За среќа пациентот поминал без потешкотии.

Несреќниот пациент во болница стигнал со оток на главата кој требало да се третира исклучиво со лекови, меѓутоа завршил на операција благодарение на измешани идентификациски ознаки, потврдила директорката Лили Корос, која во обраќањето до медиумите навела дека болницата веќе суспендирала некои лица поради грешката.