18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Осум турски војници загинаа во борбите во Африн

Осум турски војници загинаа, 13 се повредени, од кои неколкумина се во критична состојба, во борби во реонот на Африн, пренесува Би-би-си.

Ова е еден од најкрвавите денови за турската армија од почетокот на операцијата „Маслиново гранче“ во северниот сириски регион Африн. Илјадници граѓани ја напуштија областа од почетокот на операцијата. Сириската опсерваторија за човекови права известува дека 141 цивил се убиени од почетокот на операцијата, но турската страна негира.

Спонзорирано: