18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во Кабул, загина едно лице

Силна експлозија го потресе авганистанскиот главен град Кабул во раните утрински часови.

Нападот се случи во источниот дел на Кабул, каде што е сместен центарот за воена обука и царинската служба. Експлозијата била предизвикана од експлозивна направа поставена во возило, а веројатно била насочена против странски војници.

Министерството за внатрешни работи во земјата ја потврди смртта на едно лице. Светските агенции пренесоа дека загинала млада девојка, а повредени се уште шест лица.

Портаролот на Министерството во земјата соопшти дека направата експлодирала во девет часот по локално време и додаде дека полицијата во моментот ги испитува целите и причините за нападот.

Новинската агенција „Ројтерс“ потестува дека нападот се случува два дена откако претседателот Ашраф Гани им понуди на талибанците да започнат со мировни преговори и еден месец по разнесувањето возило на итната помош полно со експлозив во центарот на Кабул, при што загинаа 100 лица.

Спонзорирано: