23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Одложено рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошковски во Атина

Врховниот суд во Атина го одложи рочиштето за поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски, и неговиот колега Никола Бошковски, поради отсуство на еден од адвокатите. Рочиштето беше закажано по жалба на одлуката за екстрадиција на судот во Солун и е одложено за 9 март.

И претходното рочиште на 16 февруари беше одложено по барање на адвокатите, кои наведоа дека имале кус период за разгледување на предметот, а истовремено бараа од судот да овозможи преведувач од грчки на македонски јазик.

Против Грујевски и Бошковски во Грција се водат три правни процеси. Едниот е за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот за барањето азил. Во меѓувреме Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“.

Спонзорирано: