8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев очекува решение на спорот со Грција пред Самитот на ЕУ во јуни

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска оцени дека е можно решение на спорот за името со Грција, пред Самитот на Европската Унија во јуни, кога Македонија очекува датум за почеток на преговорите со Унијата.

Заев додаде дека е добро што двете страни се определени на достоинствено решение на спорот.

„Верувам дека и на Грција и треба решавање на ова прашање од меѓународната проблематика. Верувам и дека сите политичарите во Грција, пред се премиерот Ципрас, лидерите на опозицијата, господинот Мицотакис, и другите политичари, повеќе мислат на иднината на Грција и на целиот грчки народ“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање во Софија.

Тој оцени дека сега се најголеми шансите за решение, дека има посветеност од сите страни, вклучувајќи го и премиерот Ципрас, и дека прашањето е тешко и чувствително, но и ги отвора перспективите на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО.

Заев изрази и очекување дека Македонија има шанси во април да добие безусловна препорака, а во јуни, датум за отпочнување на преговорите со Европската Унија.

Претседателот на Владата учествуваше на работниот состанок на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како премиер на земја претседавач со ЕУ, заедно со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што се одржа во Софија.

Спонзорирано: