23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијански бизнисмени уапсени за смртта на словачкиот новинар

Словачката полиција уапси повеќе италијански бизнисмени споменати во истражувачките стории на убиениот новинар од Словачка, Јан Кучијак, кој пишуваше за корупциски скандали на високо ниво.

„Спроведената операција очигледно има врска со овој случај, односно убиството на Јан Кучијак и луѓето именувани повеќепати во неговата последна објава“, изјави шефот на полицијата, Тибор Гаспар, и додаде дека се приведени 10 лица.

Полицијата денеска спроведе претреси во источна Словачка, во домовите поврзани со членовите на италијанската мафија, за кои Кучијак пишуваше пред да биде убиен.

Словачките медиуми јавија дека еден од приведените е Антонино Вадала, Италијанец што работел за најмалку двајца функционери блиски до словачкиот премиер Роберт Фицо. Овие функционери вчера поднеле оставка на своите места во Владата, но негирале секаква поврзаност со убиството.

Телата на 27-годишниот Кучијак и неговата девојка беа пронајдени во неделата вечерта во нивниот дом. Веб-страницата на која работеше Кучијак вчера ја објави и неговата последна незавршена приказна, во која се опишани активностите на членови на криминална организација и врската на еден од нив со соработници на словачкиот премиер. Поради убиството на новинарот, вчера оставка поднесе словачкиот министер за култура, Марек Мадариќ.

Спонзорирано: