10.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

УЈП со важна информација до сите оние кои поседуваат фирми

Сите правни субјекти кои имаат обврска да достават годишна сметка и финансиски извештаи до Централниот регистар, имаат рок тоа да го направат до утре, додека за самостојните вршители на дејност рокот за поднесување на годишните сметки е до 15-ти март, во хартиена и електронска форма, потсети Централниот регистар.

За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.03.2018 година, а големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма.

Централниот регистар за време на приемот денес – 27.02.2018 и утре – 28.02.2018 година ќе работи од 07:00 до 21:00 часот, додека во РК Македонски Брод, РК Виница, РК Берово и РК Делчево работното време ќе биде од 08.00-16.00 часот.

Во градовите каде што Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе биде со следниот распоред:

– Во Кратово прием ќе се врши денес 27.02.2018 и утре 28.02.2018 година, во просториите на Општина Кратово од 08:00 – 16:00 часот.

– Во Крушево приемот ќе се врши во просториите на УНИ денес 27.02.2018 и утре 28.02.2018 година од 08:00 – 16:00 часот.

– Во Демир Хисар приемот ќе се врши во Општина Демир Хисар денес 27.02.2018 и утре 28.02.2018 година од 08:00 – 16:00 часот.