23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ќе фрчат смени во полицијата: Сите оние со тетоважи ќе мора да ги отстранат инаку следува отказ

Српското Министерство за внатрешни работи донесе Правилник за начинот на однесување и изгледот на полициските службеници.

Со него се уредува како треба тие да изгледаат и да се облекуваат, колкави да им бидат мустаќите и каков лак смеат да имаат на ноктите.

Новите правила неодамна ги одобри српската влада, а кога ќе стапат на сила на дамите во полицијата нема да им биде дозволено да носат флуоресцентни и лакови во силни бои, накит, како и нападна шминка.

За службениците во униформа се пропишуваат дури и правила како треба да изгледа нивната фризура – па така шишки не се дозволени, а доколку имаат долга коса таа треба да биде врзана во реп.

На припадниците на посилниот пол кои носат мустаќи, тие не смеат да бидат предолги, а доколку ги фарбаат тоа е дозволено само во природна нијанса слична на бојата на косата.

Забранети се пирсинг и тетоважи на видливи места, косата не смее да ги покрива ушите, а на јавно место полицијајците исто така не смеат да носат очила за сонце во појаки бои.