5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Агуеро: ПСЖ нема шанси против Реал

Напаѓачот на Мсанчестер Сити, Серхио Агуеро, смета дека мадридски Реал без многу мака ќе го мине ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар помеѓу овие два тима, во Мадрид, заврши со победа на Реал 3:1.

„Верувам дека Реал ќе оди понатаму, се наоѓа во добра позиција“, рекол Аргентинецот.

Возвратниот натпрвевар на „Паркот на принцовите“ во Париз ќе се одигра на 6.март.

„Веќе имаат предност од два гола и доколку постигнат уште еден во Париз мислам дека серијата е готова. Очекувам Реал да мине понатаму без поголеми проблеми“, дополнил Агуеро.

Аргентинецот со својот тим е веќе во четвртфиналето бидејќи Сити како гостин славеше во Базе, во првиот осминафинален меч со 4:0.

Спонзорирано: