23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вакво нешто сигурно не очекувавте: Се најавуваат уште пообилни врнежи на снег во цела Македонија

Во текот на ноќта времето ќе биде облачно и студено со пообилни врнежи од снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

На север и долж Повардарието ќе остане поизразен северозападен ветер.

Оттаму додаваат дека до 16 часот денеска најмногу снег наврнал во Маврово односно 56 сантиметри, 31 во Лазарополе, 20 во Пожаране, 5 во Ѓуриште и Тополчани.

2 см наврнале во Тетово, Штип, Претор и Битола и по 1 сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.

Во текот на утрешниот ден, врнежите ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови.

Насекаде ќе се формира снежна покривка.

Во Скопје утре ќе биде облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне.

Температурата ќе биде во интервал од -2 до 0 степени.

Спонзорирано: