23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата го осуди насилството во Сирија: Против злото не можеме да се бориме со зло

Папата Франциско го осуди „нечовечното“ насилство во Сирија и го поддржа прекинот на огнот што го побара Советот за безбедност на ОН.

„Не можеш да се бориш против злото со зло“, рече папата, во молитвата на плоштадот Свети Петар во која се помоли за итен крај на конфликтот.

Како што истакна поглаварот на Римокатоличката црква, овој февруари бил еден од најтрагичните месеци во текот на седумгодишната војна во Сирија.

„Стотици, илјадници цивилни жртви, деца, жени и стари лица, гранатирани се болници, луѓето не можат да добијат храна, сето тоа е нечовечно“, заклучи папата.

Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата со која се бара 30-дневен прекин на огнот низ цела Сирија за да испорача хуманитарна помош за милиони луѓе, а сериозно болните и ранетите да бидат евакуирани.

Спонзорирано: