18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН усвои резолуција за триесетдневен мир во Сирија

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која ги повикува страните во конфликтот во Сирија да престанат да се борат најмалку 30 дена и да обезбедат хуманитарна помош за населението. Документот беше усвоен од сите 15 земји-членки на Советот. Резолуцијата ги повикува „сите страни веднаш да ја прекинат воената акција“ и да се придржуваат кон „хуманитарната пауза најмалку 30 дена, низ цела Сирија“.

Ова ќе создаде услови за „непосредна испорака на хуманитарна помош“ на населението, како и „евакуација на сериозно болни и повредени“. Според резолуцијата, прекинот на огнот нема да важи за операции против „Исламска Држава“ и други терористички организации.

Спонзорирано: