6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЛИДЕМ: Мицкоски наместо да жали за Ќосето, да ги поддржи конкретните државни реформи

Жално е што и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ сè уште е заробено во минатото и под силно влијание на ретроградните сили, коишто повеќе од една деценија ја држеа Македонија под заложништво, велат од подмладокот на Либерално-демократската партија (ЛДП) како реакција по повод изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

„Вчерашната прес-конференција на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во врска со отстранувањето на споменикот на Андон Ќосето не донесе ништо ново освен најава за продолжување на старите деструктивни политики, на кои граѓаните остро се спротивставија“, истакнуваат од либерално-демократската младина (ЛИДЕМ).

Оттаму потенцираат дека ваква реторика не му доликува ниту на обичен граѓанин, а камоли на млад човек чија основна задача е да ја реформира партијата кој што ја опустоши државата.

„Мицкоски наместо да жали за Ќосето и да држи празни пресови полни со омраза и гнев, потребно е да започне да се занимава со сериозни прашања и да покаже подготвеност за поддршка на конкретните државни реформи, за напредните идеи. Ако демократијата и слободата се всадат длабоко во свеста на нашите граѓани тешко дека уште еднаш ќе може толку лесно да ни се повтори тоа што се случуваше сиве овие изминати години од владеењето на Груевски и неговите приврзаници. Нема да ни се повторат дивоградби како Ќосето, ама не ќе може да ни се повтори ниту претепувањето на студенти кои мирно протестираа за остварување на нивните права“, беше кажано на денешната партиска прес-конференција.

„Затоа професоре Мицкоски ве потсетуваме дека не ни треба враќање на Ќосето, ниту на некој нов Ќосе со исукана кама, туку подршка за реализација на решенијата и реформите за младите да останат во државата да имаат визија, напредок и слобода“, рекоа од ЛИДЕМ.

Исто така нагласија дека во Македонија конечно дошла влада која промовира мерка за младинска гаранција и која покажала иницијатива за реализација на долгогодишните идеи на ЛИДЕМ за подигнување на студентскиот стандард и подобрување на условите во кои живеат студентите.

Спонзорирано: