16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Српски воени пилоти уапсени во Шпанија поради „нарко-летови“

Во рација во Шпанија е разбиен меѓународен синџир за трговија со дрога при што уапсени се 18 луѓе, вклучувајќи и двјаца српски полоти, пренесоа британски медиуми.

Според извештајот, Србите со хеликоптери превезувале дрога за еден од најголемите картели во светот, а исто така учествувале и во трговија со луѓе. Како што наведуваат британските весници, еден од пилотите бил поранешен српски војник специјализиран за ноќно летање, кој веќе подолго време живеел во Швајцарија.

Покрај тоа, „Дејли телеграф“ пишува дека групата користела хеликоптери со можност за пренос на големи количини  дрога и дека биле специјализирани за шверц на хашиш, кој од Мароко бил транспортиран во Шпанија.

Деталната истрага на шпанската полиција од Малага до Севиља резултирала со одземање три возила, неколку мобилни телефони, летечки инструменти, банкарски изводи и околу 18.000 евра. Според извештаите на медиумите, полициската операција почнала во 2017 година кога хеликоптер искористен за „нарко-летови“ бил пронајден во планините во Андалузија.

Шпанските медиуми посочуваат дека запленети се хеликоптери произведени во Германија, кои покрај неколку луѓе можеле да пренесат до 900 килограми дрога во еден лет.

Спонзорирано: