20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изработен извештајот за напредокот на Македонија во спроведување на препораките од УНЕСКО

Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија во координација со ресорните министерства, институции и општини го изработи Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која се однесува на состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион , информираат од Министерството за култура.

Како што додаваат оттаму, извештајот бил усвоен од страна на Владата на Република Македонија на нејзината 54. седница, одржана на 13 февруари 2018 година и доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15 февруари 2018 година.

„Владата на РМ со ресорните органи и институции, со посебен интерес и внимание ги разгледа и ревидираше активностите предвидени во Охридскиот Регион и носењето одлуки, кои треба да овозможат баланс за идниот развој на регионот, темелен на зачувување историски исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство на Охридскиот Регион како светско наследство“, се наведува во соопштението на Министерството за култура.

Спонзорирано: