3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Вилем Дaфо награден со „златна мечка“ за животно дело на 68-то Берлинале

Американскиот актер Вилем Дaфо од страна на Берлинскиот филмски вестивал е одликуван со награда за животно дело. Статутката „златна мечка“ на познатиот актер му ја врачи култниот германски режисер, Вим Вендерс.

Вилем Дафо важи за икона на актерската игра повеќе од три децении и и дава душа не секоја улога во која ќе се појави на филмското платно, без разлика дали станува збор за филмови како „Platoon“, најновиот „The Florida Project“, или пак во блокбастери како „Spider-Man“.

Во чест на Дaфо и наградата за животно дело, на 68-то издание на Берлинскиот фестивал ќе биде прикажана филмска ретроспектива на неговиот актерски опус со филмовите: „The Last Temptation of Christ“, „Antichrist“ и „The Life Aquatic with Steve Zissou“.

Многумина критичари се согласни дека улогата на Дaфо во филмот „The Florida Project“ може да му го донесе и првиот Oскар во март годинава. Инаку, оваа е трета номинација на актерот за најпрестижната награда во филмскиот свет. Неговата номинација е единствената на Oскарите за филмот на Шон Бејкер чија тематика се маргиниализираните семејства кои живеат во мотел во предградието на Дизниленд.

Спонзорирано: