11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата што ја предводиме ги санира штетите од корупцијата во времето на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за корупција кога на сите им е јасно дека токму оваа партија со години практикуваше криминал, корупција и расипничко работење за сопствено богатење на сметка на осиромашените граѓани и држава, стои во реакцијата на владејачкиот СДСМ во врска со денешната прес-конференција на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека последниот извештај на „Транспаренси интернешнл“, кој се однесува на состојбите во 2017 година, е резултат на 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и е јасен показател на кое ниво ја доведоа Република Македонија со нејзиното коруптивно работење.

„На граѓаните им е совршено јасно кој работеше криминално и коруптивно и на нивна штета и затоа избраа промени. За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи ги санира штетите од корупцијата, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот“, стои во партиското соопштение.

Воедно, од СДСМ нагласуваат дека Македонија станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон каков било тип на корупција и во која секој оној што ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки.