Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дефект на трафостаница остави без струја повеќе скопски населби

Поради испадот на извод од 110-киловолтната трафостаница „Васил Главинов“, денеска без струја останаа повеќе скопски населби, односно Бутел, Радишани, Шуто Оризари и Визбегово.

Екипите на „ЕВН Македонија“ почнаа со приклучување на дистрибутивната мрежа и интензивно се работи за отстранување на дефектот. Проблемот воедно предизвикал прекин и во водоснабдувањето затоа што не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици.

Изводот што бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенергетска опрема, па поради тоа, од безбедносни причини, целата трафостаница била исклучена од напојување со што корисниците од населбите Топанско Поле, Бутел, Чаир, Радишани и другите населени места што се напојуваат од таа трафостаница останале без напојување со електрична енергија.