5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради магла, намалена видливост на Стража, Плетвар и во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму додаваат дека намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража, Плетвар и во Крушево, каде што видливоста е од 100 до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.