16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Интензивни врнежи од снег вечерва во Македонија – еве каде врне во моментов

Поради интензивни врнежи од снег на планиските премини Маврово и Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информират од АМСМ.

За патнички возила на планинскиот премин Стража задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека на повисоките места има остатоци од снег.

Врнежи од снег има на планинските премини Стража, Маврово, Буково, Ѓавато и Попова Шапка.

Инаку од УХМР излегоа со следната најава:

Во следните два дена ќе се задржи претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Потоа продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.

Врнежите од дожд од недела поради спуштање на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.