6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Според ВМРО-ДПМНЕ, истрагата за крвавиот 27 април е апсурдна

Не постои никаква правна основа патриотите притворени за настаните поврзани со 27 април да бидат задржани во истражниот затвор. Тие не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото што им се става на товар. Тие ниту се обиделе, ниту имале намера да се обидат да влијаат врз апсурдната истрага. Најдобар аргумент за апсурдноста на целата истрага и конструкција е што судот и обвинителството ги држеа во притвор повеќе од два месеца и дури потоа одлучија да ги повикаат за да ги сослушаат и да им побараат исказ. Ова е ставот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека притворените ниту се обиделе, ниту имале намера да избегаат од Македонија. Тие обвинуваат политичари и пратеници на СДСМ, и медиуми, дека испраќале континуирани закани.

„Повеќе од три месеци Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и другите се држат во притвор само затоа што гласно се спротивставија на плановите на оваа анти-реформска Влада за редефинирање на државата. Владата ги злоупотреби правосудните органи. Судовите не се ни трудат да ја запазат правната постапка целосно уривајќи ги угледот и честа на самите институции кои треба да дејствуваат независно од извршната власт. Законите мора да важат подеднакво за сите, а не да се применува селективна правда. Политичкиот реваншизам и малтретирање луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. СДСМ и Зоран Заев мора конечно да сфатат дека во Република Македонија постојат луѓе кои секогаш ќе се спротивставуваат на која било деструктивна политика на оваа Влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: